Рајнскиот Сојуз или службено (Конфедеративни Држави на Рајна) —сојуз (конфедерација) на германски клиентски држави по налог на Првото Француско Царство. Формиран е во рамките на поранешни држави на Светото Римско Царство по неговото распаѓање предизвикано од Наполеон, откако ги поразил и освоил Австрија и Русија во Битката кај Аустерлиц. Братиславскиот мировен договор довел до создавање на Рајнскиот Сојуз, кој постоел од 1806 до 1813 година.Hans A. Schmitt. Germany Without Prussia: A Closer Look at the Confederation of the Rhine. German Studies Review 6, No. 4 (1983), pp 9-39.

Членовите на сојузот биле германски кнезови од државите кои порано биле во рамките на Светото Римско Царство. Подоцна им се придружиле уште 19 други. Ова му дало значителна стратешка предност на Француското Царство на неговата источна граница создавајќи разграничување помеѓу Франција и двете најголеми германски држави: Прусија и Австрија.

Поврзано Свето Римско Царство Прво Француско Царство Историја на Франција Историја на Германија Наполеонови војни

Наводи

Категорија:Наполеонови држави Категорија:Држави и територии распаднати во 1813 година Категорија:Држави и територии настанати во 1806 година