Порта — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Чемерско. Претставува утврдена населба од римското време. На границата со атарот на селото Бохула, оддалечена 8 км јужно од селото, на рид со впечатливо поволна местоположба се забележуваат остатоци од утврдување (градежен камен, тегули и имбрекси), а спорадично и фрагменти од керамички садови.

Поврзано Св. Врач - Гумниште — некропола од римското време; Чемерско; Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.

Наводи