Пасифаина група — група повратни неправилни месечини на Јупитер кои следат слични орбити како онаа на месечината Пасифаја и се смета дека имаат заедничко потекло.
Нивните големи полуоски (оддалеченост од Јупитер) се движат помеѓу 22,8 и 24,1 милиони километри (ист опсег како Кармината група), орбиталните наклони им изнесуваат од 144,5° до 158,3°, а орбиталната занесеност им е од 0,25 до 0,43. мини|300п|Најголемите неправилни месечини на Јупитер.. Меѓу Пасифаината група се означени Синопа и самата Пасифаја. Хоризонталната оска означува оддалеченост од Јупитер. Вертикалната го претставува наклонот. Занесеноста е означена со жолти црти, што го претставува најголемото и најмалото растојание од Јупитер. Крукчињата ја претставуваат големината на телата. Основни членови на групата се следниве (негативниот период означува повратна орбита):Scott S. Sheppard, David C. Jewitt, Carolyn Porco Jupiter's outer satellites and Trojans, In: Jupiter. The planet, satellites and magnetosphere. Edited by Fran Bagenal, Timothy E. Dowling, William B. McKinnon. Cambridge planetary science, Vol. 1, Cambridge, UK: Cambridge University Press, , 2004, p. 263 - 280 Full text(pdf).
ИмеПречник(км)Период(денови)БелешкаПасифаја 57,8 −722,34 најголем член и прототипСиниопа 35 −777,29 црвена бојаКалироја 9,6 −787,43 црвеникава бојаМегаклита 5 −747,09 црвеникава бојаАвтоноја 4 −719,01 Евридома 3 −722,59 Спонда 2 −734,89
Меѓународниот астрономски сојуз ги задржува имињата кои завршуваат на -e (во меѓународен облик) за сите повратни месечини.
Потекло Се смета дека Пасифаината група настанала кога еден астероид бил зафатен од Јупитер и потоа распарчен кога се судрил. Првичниот астероид не бил многу пореметен: пресметано е дека тоа тело имло пречник од 60 км, што е приближно исто со Пасифаја; таа задржува 99 % од изворната маса. Меѓутоа, доколку во оваа група припаѓа и Синопа, тогаш соодносот би бил доста помал (87 %). Меѓутоа, иако Несворни 2003 ги дава истите за Ананкината и кармината група, ја дава само Мегаклита за Пасифаината група
За разлика од Кармината и Ананкината група, теоријата за настанок со еден удар не е прифатена кај сите стручњаци. Ова е бидејќи Псаифаината група, иако слична по голема полуоска, е пошироко распрсната во наклонот. Друга можност е Синопа да не е дел од остатоците на тој судир, туку да била посебно зафатена.Grav, Tommy; Holman, Matthew J.; Gladman, Brett J.; Aksnes, Kaare Photometric survey of the irregular satellites, Icarus, 166,(2003), pp. 33-45. Preprint Различните бои на телата (сива кај Пасифаја, светлоцрвена кај Калироја и Мегаклита) исто така упатуваат на тоа дека групата има посложено потекло отколку еден удар.
мини|лево|300п|Орбиталните елементи и релативните големини на основните членови на Пасифаината група. Хоризонталната оска е нивната просечна оддалеченост од Јупитер, вертикалната го означува орбиталниот наклон, а крукчињата се за големините. мини|десно|300п|Овој дијаграм ја споредува широката распрснатост на Пасифаината група (црвено) со позбиената Ананкина (сино) и Кармина (зелено) група.
Белешки
Наводи
Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Неправилни месечини Категорија:Месечини со повратна орбита