Галичичко каранфилче (Dianthus galicicae) — локален ендемски вид растение во Националниот парк Галичица.(Dianthus galicicae ) Micevski ,Prilozi Mak.Akad.Nauk.Umetn.8(1-2).40(1990)
Опис Галичичкото каранфилче е многугодишно растение. Има стебло високо до 40 cm, глатко, светликаво, зелено.
Листови Листовите му се кончести, широки 0,5-0,75 mm, со три жилки, здиплени или плоскави, по работ и по средната жила рапави, на врвот постепено заострени.
Цвет Цветот на галичичкото каранфилче е со голем број цветови собрани во компактна главичка широка до 20 mm; Чашката 9-10 х 1,5-1,75 mm, темнопурпурна; ламината на венчето 1,2-1,5 х 1mm, пурпурна, скоро целокрајна, покуса од чашкините запци.
Екологија По варовнички камења во монтанскиот појас.
Распространување Галичичкото каранфилче е локален ендемит. Познат само за планината Галичица, во месноста Војтина над селото Љубаништа, 1200–1300 m. (Мицевски, 1987)
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Ендемска флора на Галичица Категорија:Каранфили