Димитрија Атанасов Поповски ( во — ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Израснал во сиромашно семејство. Се доселил во Скопје, каде го завршил основното училиште. Во септември 1944 година, стапил во вториот баталјон на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Се истакнал како примерен и дисциплиниран борец. Бил учесник во сите борби против балистите и Германците, во околината на Скопје. На 13 ноември, тој учествувал во борбите за ослободувањето на Скопје. Непосредно по ослободувањето на Скопје и Македонија, заминал во Косово и Метохија каде учествувал во дејствијата за целосно разоружување на преостанатите балистички групи и поединци. Поради тешките напори на војната оболел од белодробна туберкулоза од што и починал.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ