мини|десно|2867 Штејнс — астероид од типот E.

Астероиди од типот E — тип на астероиди кои имаат енстатитни (MgSiO3) ахондритски површини. Сочинуваат голем дел од астероидите одејќи кон внатрешниот дел на астероидниот појас познати како унгарски астероиди, но стануваат многу ретки вон главнината на појасот. Сепак, има такви како 64 Ангелина кои се доста далеку од внатрешниот раб на астероидниот појас. Се смета дека потекнуват од мошне намален плашт на издиференциран астероид.

Опис Овие астероиди имаат големо албедо (над 0,3), што ги разликува од почестите астероиди од типот M. Нивниот спектар е безлично рамен до црвеникав. Веројатно бидејќи потекнуваат од работ на поголемо планетарно тело наместо од јадрото, астероидите од типот E се мали, при што само три (44 Ниса, 55 Пандора, 64 Ангелина) имаат пречници над 50 км и ниеден над 25 км (најголемите три воедно кружат нетипично далеку од Сонцето, на ~3 ае). Обритs (енстатитните ахондритски метеорити) are believed to come from E-type asteroids, because Aubrites could be linked to the E-type asteroid 3103 Егер.

This grouping may be related to the типот Xe од класификацијата по SMASS.

E-појас Се смета дека астероидите од типот E во унгарското семејство се остатоци од астероидно население од претпоставен E-појас.Late, Late Heavy Bombardment - Bill Bottke (SETI Talks) – Youtube.com Растурањето на највеќето астероиди од претпоставениот појас може да било предизвикано од преселба на гасовити џинови од Сончевиот Систем во надворешен правец, кон што упатуваат симулациите по Ничкиот модел, а овие растурени астероиди може да биле телата одговорни за Доцното тешко бомбардирање.

Истражување На 5 септември 2008 г. роботаската вселенска сонда „Розета“ го посетила астероидот 2867 Штејнс, кој е од типот E.H. U. Keller, et all - E-Type Asteroid (2867) Steins as Imaged by OSIRIS on Board Rosetta - Science 8 January 2010: Vol. 327. no. 5962, pp. 190 - 193 Леталото потврдило дека астероидот бил сочинет главно од минерали сиромашни со железо како енстатит (пироксен богат со магнезиум), форстерит (оливин богат со магнезиум) и момирок.

Поврзано Спектрална класификација на астероидите Астероид од типот X 2867 Штејнс

Наводи

E