Ангел Србинов ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од сиромашно земјоделско семејство. Се занимавал со земјоделство, а кратко време бил и општ работник. Бил симпатизер на народноослободителното движење ѝ од 1943 година, активно се вклучил во борбата против окупаторот. Со формирањето на Четвртиот скопски партизански одред, во пролетта 1944 година исцело се ставил на располагање на одредот и го снабдувал со храна, облека и друго. Вршел и многу значајни курирски задачи. Неговата активност ја открила окупаторската бугарска фашистичка полиција и го затворила. По мачењето во затворот, бил стрелан од страна на Бугарската полиција. Посмртните останки му биле пренесени и закопани на гробиштата во родното село.

Наводи

Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје