Алесандро Скарлати ( - ) е италијански барокен композитор. Работел како капелмајстор во Рим и Неапол. Автор е на 115 опери од типот на италијанската „опера серија“ (сериозна опера), составени од последователно нижење на лирски арии и речитативи. Попознати дела: „Розуара“, „Пир и Деметриј“, „Митрадат Евпатор“ и др. Ја утврдува триделната арија да капо, го установува типот на италијанската оперска увертира, којашто се состои од три дела: брз, бавен, брз. Автор е на околу 700 кантати, 200 меси, 20 оратории и други музички творби. Татко е на двајца други композитори, Доменико Скарлати и Пјетро Филипо Скарлати.

Поврзано Доменико Скарлати — син

Категорија:Барокни композитори Категорија:Оперски композитори Категорија:Италијански композитори