Пелистерски или полегнат каранфил (Dianthus myrtinervius) — вид каранфил карактеристичен за Македонија, Албанија и Грција. Пелистерскиот каранфил претпочита добро исцедена неутрална до алкална почва, може да се одгледува во каменити градини, подигнати леи или покрај патеки.

Опис и распространетост Повеќегодишно, ниско, ползечко растение, силно разгрането од основата; гранчињата долги 2-5 см со ретки листови. Листовите немаат влакна, долги 2-5 мм, елиптични, подолги од интернодиумите, со три јасни жили од кои две по рабовите; рабовите со кратки цилии. Цветовите се поединечни, со две чашкини лушпи. Чашкините лушпи се елиптично јајцевидни, нагло стеснети во тесен издолжен дел со три слабо видливи жили; долги половина или 2/3 од чашката. Чашката цилиндрична, долга 6-8 мм и широка до 2 мм, без влакна; запците на врвот двапати подолги од ширината, рабовите со многу ситни тенки влакна. Венечната ламина розова, долга 3-5 мм, основата влакнеста, рабовите назабени.

Се јавува на високопланински пасишта со силикатна подлога до 2600 м. Забележан единствено на врвот Пелистер, на планината Баба.

Подвидови Само еден подвид во моментов се смета за валиден. Истиот е прилично џуџест и формира групи.

Dianthus myrtinervius subsp. caespitosus Strid & Papan.

Галерија

Наводи

Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија Категорија:Каранфил Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј