Јован Зафиров Стојковски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Израснал во сиромашно семејство. По завршувањето на основното образование, тој се занимавал со земјоделство. Неплодната земја како и примитивниот начин на нејзината обработка, не им обезбедувал дури ни скромни услови за живеење. Бил вклучен меѓу првите во селото, во помагањето на народноослободителното оружено востание против окупаторот. Во Народноослободителната борба, тој стапил во 1943 година. Од формирањето на Треттата македонска ударна бригада учествувал во сите нејзини борби. Паралелно со ова се истакнал и во извршувањето на поединечни задачи. Така, успеал да зароби и двајца бугарски фашистички полицајци во Пелинце. Кон крајот на октомври 1944 година храбро загинал во борбите против Германците и балистите на реката Треска.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ