Фонд кој инвестира во приватен капитал (англиски: Private-equity Fund) — посебен вид инвестициски фонд кој инвестира во акции на претпријатија кои не котираат на берзата.

Опис Овие фондови се слични на хеџ фондовите по тоа што се организирани како приватни партнерства во кои учествуваат ограничен број инвеститори, најчесто богати поединци и институционални инвеститори. Но, за разлика од хеџ фондовите, овие фондови инвестираат во акции со кои не се тргува на берзите, како што се: недвижен имот, инфраструктурни објекти, нови приватни претпријатија (start-ups), зрели приватни претпријатија, заеднички вложувања (venture capital) итн.J. Ashok Robin, International Corporate Finance. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, стр. 408.

Наводи

Категорија:Фондови Категорија:Пазар на капитал Категорија:Финансии