мини|Локација на Арктикот. мини|Вештачки обоена топографска карта на регионот на Арктикот.

Арктикот — поларен регион што се наоѓа на најсеверниот дел од земјата. Арктикот се состои од Северноледениот Океан, соседните мориња и делови од Алјаска (САД), Канада, Финска, Гренланд (Данска), Исланд, Норвешка, Русија и Шведска. Земјиштето во регионот на Арктикот има сезонски различна покривка од снег и мраз, со пермафрост без дрвја (трајно замрзнат подземен мраз) кој содржи Тундра. Арктичките мориња содржат сезонски морски мраз на многу места.

Арктичкиот регион е уникатна област меѓу екосистемите на Земјата. Културите во регионот и домородното население на Арктикот се имаат прилагодено на неговите студени и екстремни услови. Животот на Арктикот вбројува зоопланктон и фитопланктон, риби и морски цицачи, птици, копнени животни, растенија и човечки општества.Christopher Krembs and Jody Deming. "Organisms that thrive in Arctic sea ice." National Oceanic and Atmospheric Administration. 18 November 2006. Земјата на Арктикот се граничи со субарктикот.

Наводи

Категорија:Поларни региони Категорија:Географија на Сибир Категорија:Географија на Северна Америка Категорија:Арктик Категорија:Географија на Северна Европа