Боро Божиновски – Прцан ( во — во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис
Предвоена активност Потекнувал од многу бедно семејетво. Поминал тешко детство и младост. Изучил опинчарски занает. Спаѓал меѓу организаторите што придонеле во периодот од 1933-1937 година во Куманово да се изгради силна скоевска организација. Уште како младинец бил зачленет во УРС-овите синдикати. Раководел со кожарската подружница. Учествувал во сите акции на партијата како и во сите манифестации и демонстрации. Влегувал на состаноците што ги одржувал синдикатот на Jyгopac и истите ги растурал. На предизборниот митинг во 1938 година, исфрлил пароли за демократизација на земјата и слобода на народите. За учеството во оваа акција бил казнет со 15 денови затвор. Често бил затворан и мачен. Бил активен член и во културно-уметничкото друштво „Абрашевиќ“. Организирал масовни излети на кои спроведувал политичка дејност. Во 1940 година заедно со други младинци испишал борбени пароли и ги залепил по ѕидовите од зградите во Куманово.
Втора светска војна Од првите денови на окупацијата бил меѓу истакнатите комунисти кои работеле на оруженото востание. Без колебање се пријавил за Козјачкиот партизански одред (12 октомври, 1941 година). Бил еден од првите борци кои со пушки го одбележиле историскиот настан за оруженото востание на македонскиот народ. По блокадата и судирот на одредот со бугарските сили кај село Малотино, Кумановско на 17 октомври, 1941 година, тој успеал да се пробие заедно со Киро Фетак. Истата ноќ влегол во родниот град и преминал во илегалство. Се сретнал со Христијан Тодоровски - Карпош, со кого соработувале и војувале подолг период. Пролетта 1942 година заедно со Карпош заминале во Србија и стапиле во Врањскиот партизански одред. Повеќе месеци војувал во Црна Трава, каде ги покажал своите квалитети на храбар и дисциплиниран борец. По неколку месеци проведени во Врањскиот партизански одред, се вратил во Македонија. Есента 1942 година станал борец на Скопскиот партизански одред и дејствувал во Скопска Црна Гора. Учествувал во повеќе борби на одредот. Во септември 1942 година кога одредот бил блокиран од силни полициски и контрачетнички (бугаромански) сили во манастирот Благовештание, се наметнала нерамна борба во која го изгубил својот живот.
Поврзано
Козјачки партизански одред Скопски партизански одред
Наводи
Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ