Тоде Цуков Георгиевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од селско семејство. Основно училиште завршил во селото. Се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Македонија стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, 42 дивизија. Во редовите на Бригадата се борел против балистичките банди во Косово. Потоа со Бригадата заминал за Срем каде биле водени големи фронтални борби против германските дивизии. Во жестоката битка кај Славонска Пожега, храбро загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ