Берне () — општина во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на левиот брег на реката Везер, околу 20 километри источно од Олденбург и 25 километри северозападно од Бремен.

Географија Местоположба

Општината Берне се наоѓа во јужниот дел на округот Везермарш, сместена на устието на реките Берне во Олен, притока на Хунте. Денешната општина се наоѓа во историската област Штединген.

Соседни општини

Во северозападниот дел на општината се граничи со Хунте, а во североисточниот дел со Везер. Везер истовремено образува граница со Бремен (градската единица Блументал). Југоисточно се граничи со општината Лемвердер, а на југ со округот Олденбург. Северозападно од Берне се наоѓа градот Елсфлет.

Општински единици

Општината Берне се состои од местата: Беке, Барденфлет, Берне (гл. место), Бернебител, Бетингбирен, Бутел, Бутлерхерне, Кампе, Колдевај, Драјзилен, Филје, Ганспе, Ганспе Аусендајх, Глизинг, Ханефер, Харменхаузен, Хекелермор, Хекелн, Хидигварден, Хидигвардермор, Хунтебрик, Јулиусплате, Катјенбител, Кетеренде, Лихтенбергерзил, Моцен, Нојенхунторф, Нојенхунторферзил, Нојенхунторфермор, Нојенкоп, Нојмилен, Охолт, Орт, Олен, Оленермор, Пфалхаузен, Ранценбител, Шлите, Шлитербург, Шлитердајх, Варфлет, Вердер, Вердерхеле и Везердајх. Административното општинско седиште е местото Берне.Gemeinde Berne – Zahlen / Daten / Fakten, abgerufen am 7. April 2012

Природни области

На општинското подрачје се наоѓаат:

Природната област Јулиусплате, североисточно од Берне на левиот брег на Везер на истоимениот поранешен остров на Везер. Витемор, како дел од Природната област Холер- и Витемор.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Везермарш Категорија:Општини во Долна Саксонија