Иванче Ѓорѓиев Ивановски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис По завршувањето на гимназијата продолжил да студира. Како студент се поврзал со напредното движење и активно се ангажирал во заднинската работа. Бил вклучен во собирните акции за материјално помагање на партизаните. Кон крајот на 1944 година стапил во Четириесет и осмата дивизија. Во состав на истата заминал за Војводина. Таму ја совладал вештината во ракувањето со артилериското оружје. Благодарејќи на стручното усовршување и совесното извршување на поставените задачи, бил унапреден во поручник. По пробивот на Сремскиот фронт ги гонел со својата единица Германците и усташите и во почетокот на мај 1945 година, стигнал пред самиот Загреб. Таму бил тешко ранет и подлегнал на раните. Бил погребан на Мирогој.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ