СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен“ (целосно име: Средно економско правно училиште на Град Скопје „Васил Антевски - Дрен“) — средно училиште во Скопје, Општина Кисела Вода.
Основање и развој
Средното економско и правно училиште на град Скопје „Васил Антевски – Дрен“ постои уште од 1923 година, кога е формирано како двегодишно трговско училиште. Две години подоцна прераснало во Трговска академија, во која школувањето се одвивало 4 години. За време на окупацијата училиштето било претворено во Трговска гимназија во која школувањето траело 5 години. По ослободувањето било преименувано во економски техникум, а половина станало Средно економско училиште „Борис Кидрич“. Во 1963 година донесена е одлука на училиштето да му се додели и средното правно училиште, па од учебната 1964/65 година во склоп на училиштето постојат и паралелки од правна струка. Од 1993 година му е дадено името на народниот херој Васил Антевски - Дрен, а е сместено во модерна мошне убава училишна зграда која го замени стариот училиштен објект во кој училиштето работеше по земјотресот во 1963 година.
Учество на натпревари
Освоени награди Познати личности кои учеле во ова училиште
Никола Тодоров - поранешен министер за здравство Дарко Панчев - македонски фудбалски репрезентативец Татјана Петрушевска - универзитетски професор Ивица Коневски - поранешен градоначалник на општина Аеродром Диме Спасов - поранешен министер за труд и социјална политика Петре Шилегов - градоначалник на Град Скопје Рената Дескоска - министерка за правда Стојанче Стоилов - ракометар
Познати личности кои предавале во ова училиште
Наводи
Надворешни врски 100 години постеоње - монографија за училиштето Официјално мрежно место на училиштето Алтернативно мрежно место на училиштето Портал за основните и средните училишта во Македонија Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука
Категорија:Општина Кисела Вода Категорија:Средни училишта во Скопје Категорија:Средни училишта во Општина Кисела Вода Категорија:Средни училишта во Македонија