Летни олимписки игри 2024 (), официјално познати како Игри на XXXIII Олимпијада () или само Париз 2024 — летни олимписки игри коишто се одржале во Париз од 26 јули до 11 август 2024 година, а натпреварите во некои спортови започнале на 24 јули. Париз бил главниот град домаќин на игрите, а натпреварите се одржале во 16 други градови во Метрополитенска Франција, како и на островот Тахити во Француска Полинезија.

Париз ја добил организацијата на игрите на 131. заседание на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во Лима на 13 септември 2017 година. По повеќе повлекувања коишто придонеле да останат само кандидатурите на Париз и Лос Анџелес, МОК одобрил процес за истовремено доделување на организацијата на игрите во 2024 и 2028 година на двата преостанати градови кандидати, а притоа обете кандидатури биле пофалени за високите технички планови и иновативните начини за искористување на рекордниот број на постојни и привремени објекти. Откако претходно бил домаќин во 1900 и 1924 година, Париз станал само вториот град којшто три пати бил домаќин на Летните олимписки игри (по Лондон којшто бил домаќин во (1908, 1948 и 2012 година). Париз 2024 ја одбележале стогодишнината од Париз 1924 и Шамони 1924 (што дополнително ја одбележува стогодишнината на Зимските олимписки игри), и се шестите олимписки игри коишто се одржале во Франција (по три Летни и Зимски олимписки игри) и први олимписки игри во земјата по Зимските олимписки игри 1992 во Албервил. Исто така, олимписките игри се вратиле на традиционалните четиригодишен циклус откако Летните олимписки огри 2020 биле одложени до 2021 година поради пандемијата на КОВИД-19.

На овие олимписки игри за прв пат се одржале натпревари во брејк-денс како олимписки спорт, а тие биле последните олимписки игри одржани за време на претседателствувањето со МОК на Томас Бах. Вкупниот трошок за игрите се очекува да иснесува околу 9 милијарди евра.

Избор на град домаќин Шесте градови кандидати за организација на игрите биле Париз, Хамбург, Бостон, Будимпешта, Рим и Лос Анџелес. Процесот за избор бил забавен поради повлекувања, политичка неизвесност и трошоци поврзани со повлекувањето. Бостон ги надминал Лос Анџелес, Сан Франциско и Вашингтон во трката за американски град кандидат. На 27 јули 2015 година, Бостон и Американскиот олимписки комитет постигнале заемна согласност за прекин на кандидатурата на Бостон за организација на игрите, делумно поради поделените мислења во градот. Хамбург ја откажал кандидатурата на 29 ноември 2015 година по одржан референдум. Рим се откажал на 21 септември 2016 година, повикувајќи се на фискални тешкотии. Будимпешта се повлекла на 22 февруари 2017 година откако петиција против кандидатурата успеала да собере повеќе потписи отколку што било потребно за референдум.

По овие откажувања, Извршниот одбор на МОК се состанал на 9 јуни 2017 година во Лозана за да се разговара за процесите за избор на домаќини на игрите во 2024 и 2028 година. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) формално предложил истовремен избор на градови домаќини за игрите во 2024 и 2028 година во 2017 година, а предлогот бил усвоен на посебна седница на МОК одржана во Лозана на 11 јули 2017 година. МОК воспоставил процес во којшто кандидатските одбори на Лос Анџелес и Париз се состанале со МОК за да разговараат кој град да ги организира игрите во 2024 и 2028 година, како и дали е можно да се изберат градови домаќини за обете игри истовремено.

Откако било одлучено да се изберат домаќини за обете игри истовремено, Париз бил согледан како претпочитан град домаќин за 2024 година. На 31 јули 2017 година, МОК соопштил дека Лос Анџелес е единствен кандидат за 2028 година, овозможувајќи Париз да биде потврден како град домаќин за 2024 година. Обете одлуки биле ратификувани на 131. седница на МОК во Лима на 13 септември 2017 година. Двајцата француски членови на МОК — Ги Дру и Тони Естанге — немале право на глас според правилата на Олимписката повелба.

+ Избор на град домаќин на Летните олимписки игри 2024ГрадНОКГласовиПаризПретпочитан домаќин за 2024Лос АнџелесПретпочитан домаќин за 2028ХамбургПовлчеченРимБудимпешта

Игрите Спортови

Програмата на Летните олимписки игри 2024 содржела 329 натпреварувања во 33 спортови, вклучувајќи 28 „суштински“ олимписки спортови коишто биле дел и од програмите на игрите во 2016 и 2020 година, како и четири дополнителни спортови коишто биле предложени од страна на Парискиот организациски одбор: брејк-денс за прв пат бил вклучен како дополнителен спорт, а скејтбординг, спортско искачување и сурфање повторно биле дел од програмата откако претходно биле и на Летните олимписки игри 2020. Четири натпревари биле исфрлени во кревање тегови. Во кајак и кану, два натпревара во спринт биле заменети со два натпревара во слалом, со што се задржал вкупниот број од 16 натпревари. Во спортско искачување, „комбинираниот“ натпревар бил поделен на посебни натпревари во брзо искачување, како и боулдеринг и искачување со водење за секој пол.

Во февруари 2023 година, националното раководно тело Американски бокс ја објавило одлуката за бојкот на Светското првенство во бокс 2023 (организирано од Меѓународната боксерска асоцијација) каде што на руските и белоруските спортисти им било дозволено да настапат без никакви ограничувања, а исто така ја обвинило и Меѓународната банкарска асоцијација за обид за саботажа на квалификацискиот процес за бокс којшто бил одобрен од страна на МОК. Полска, Холандија, Велика Британија, Ирска, Чешка, Шведска и Канада подоцна се приклучиле на САД во обвинувањата.

Во списокот подолу, бројот на натпреварувања во секоја дисциплина е забележан во загради.

Спортска програма на Летните олимписки игри 2024

Нови и дополнителни спортови Кога Париз бил кандидат за град домаќин на игрите во август 2017 година, Парискиот организациски одбор соопштил дека ќе одржи разговори со МОК и професионалните организации за електронски спортови во врска со можноста за воведување натпревари на игрите во 2024 година. Во јули 2018 година, МОК потврдил дека нема да ги има предвид електронските спортови за игрите во 2024 година. На 134. седница на МОК во јуни 2019 година, МОК го одобрил предлогот на Парискиот организациски одбор како дополнителни спортови да се вклучат брејк-денс, скејтбординг, спортско искачување и сурфање (последните три биле дел и од Летните олимписки игри 2020).

Земји учеснички Во продолжение е наведен список на националните олимписки комитети коишто имале барем еден учесник на Летните олимписки игри 2024. По руската инвазија на Украина, МОК ги суспендирал олимписките комитети на Русија и Белорусија поради прекршување на олимпиското примирје. Оттука, руските и белоруските спортисти настапуваат како „Меѓународни неутрални спортисти“ (МНС) без национална определба доколку „активно“ не ја подржуваат војната. Меѓународните неутрални спортисти мора да бидат одобрени од страна на меѓународната федерација на секој спорт и од панелот на МОК. Како поединечни спортисти, МНС нема да се сметаат за делегација за време на церемонијата на свеченото отворање и нема да се вбројуваат во табелите на освојувачите на медали.

Земји учеснички

(домаќин)

Број на спортисти по земји учеснички

РангНОКБрој на спортисти15922573346044285403638873828370 9327103151127512258132111419515170161661714918148191412014021136 22134231272412425117261122611226112291072910729107321023310134903588358835883886397940784173417343724461456045604758475849565051505152505348544754475645574057405937603661346233623364 Меѓународни неутрални спортисти326432662966296828682868287127712773267326732676257724772477247724772482238223842284228619871887188916891689168916891694159514951495149514991399139913102121021210411104111041110710108910891089111811181118111811181118111811181118111812171217121712171217121712171217121712171217121712171217135613561356135613561356135613561356135613561356135614851485148514851485148514851485148514851485148514851485162416241624162416241624162416241624162416241624162416241624162416241624162418131813181318131813181318131813181318131813181318131813181318131972197219721972197219722031203120312031

Распоред на натпревари Распоредот во продолжение е заклучно со последната промена. Точниот распоред може да се промени до крајот на игрите.

Краток преглед мини|десно|180п|Французинот Леон Маршан бил најуспешен спортист на игрите со четири златни и еден бронзен медал Францускиот пливач Леон Маршан освоил четири златни и еден бронзен медал, со што бил најуспешен натпреварувач на игрите. Тој победил во трките на 200 м и 400 м мешано, како и во трките на 200 м делфин и на 200 м градно, а бил дел и од штафетата на Франција на 4 х 100 м мешано којашто го освоила третото место. Во женска конкуренција, американската пливачка Тори Хаски освоила три златни и два сребрени медали, со што била најуспешна натпреварувачка на игрите. Таа победила во трката на 100 м делфин, а била дел и од победничката женска и мешана штафета на САД на 4 х 100 м мешано. Сребрени медали освоила на 100 м слободен стил и во штафетата 4 х 100 м слободен стил. Сепак, натпреварувач со најмногу медали во пливање и воопшто на игрите била кинеската пливачка Џанг Јуфеи којашто освоила еден сребрен и пет бронзени медали. Канадската пливачка Самер Мекинтош освоила три поединечни златни медали во трките на 200 м мешано, 400 м мешано и 200 м делфин, како и еден сребрен медал во трката на 400 м слободен стил. Американката Кејти Ледецки победила во трката на 800 м слободен стил и со тоа станала првата пливачка којашто освоила златен медал во ист натпревар на четири различни олимписки игри, како и втор натпреварувач со таков успех во обете конкуренции по Мајкл Фелпс којшто на четири олимписки игри победил во трката на 200 м мешано. Австралиската пливачка Кајли Меккион ги одбранила златните медали во трките на 100 м и 200 м грбно коишто го освоила на игрите во Токио, со што станала првата пливачка со такво остварување во грбниот стил. Швеѓанката Сара Шестрем на своите петти олимписки игри освоила два златни медали во трките на 50 м и 100 м слободен стил. Американската гимнастичарка Симон Бајлс освоила три златни и еден сребрен медал. Бајлс победила во екипниот повеќебој како дел од екипата на САД, во поединечниот повеќебој и на прескок, а на партер завршила на второто место. Во машка конкуренција, Јапонецот Шиносуке Ока освоил три златни и еден бронзен медал, поведувајќи во екипниот повеќебој, во поединечниот повеќебој и на вратило, додека на третото место завршил на разбој. Забележителен успех постигнал и филипинскиот гимнастичар Карлос Јуло со два златни медали на прескок и на партер, што било повеќе од вкупниот број на златни медали коишто Филипините ги освоиле на Олимписките игри дотогаш. Натпреварите во атлетика биле одбележани со три светски рекорди. Американската мешана на штафета на 4 х 400 м поставила светски рекорд уште во полуфиналната трка, но на крајот го освоила сребрениот медал откако загубила во завршниот спринт во финалето од штафетата на Холандија. Шведскиот натпреварувач во скок со стап Арманд Дуплантис го подобрил сопствениот светски рекорд прескокнувајќи височина од 6,25 м. Американската натпреварувачка на 400 м со пречки Сидни Меклафлин-Леврон финалната трка ја истрчала за 50,37 сек., со што за 0,28 сек. го подобрила сопствениот светски рекорд. Кенијката Беатрис Чебет победила во трките на 5.000 м и 10.000 м откако во пократката трка успеала да ја совлада сонародничката Фаит Кипјегон којашто победила во трката на 1.500 м и исто така била во обид да освои два златни медали на игрите. Холандската атлетичарка Сифан Хасан победила во маратонската трка откако претходно освоила бронза во трките на 5.000 м и 10.000 м. Со овој успех, таа станала првата атлетичарка којашто освоила златни медали на Олимписките игри во трките на 5.000 м, на 10.000 м и во маратон. Таа исто така станала прв натпреварувач во машка или женска конкуренција со освоени медали во овие трки по Емил Затопек во 1952 година.