Оваа статија е за селото во префектурата Гифу, Јапонија. За гратчето во Гифу, видете Ширакава (град во Гифу). За гратчето во префектурата Фукушима, видете Ширакава (Фукушима).
десно|мини|270x270пкс|Гасшо-зукури - традиционални сламени куќи во Ширакава. Ширакава (јапонски: 白川) ― село сместено во Округот Ено, Префектура Гифу, Јапонија. Најмногу е историскиот комплекс Ширакава-го, мало традиционално село кое го прикажува градежниот стил познат како и гасшо-зукури. Заедно со Гокајама во Нанто во Тојама, тоа е едно од светското наследство на УНЕСКО.
година, селото има проценето население од 1,630 жители во 588 домаќинства и густина на населеност од 4.6 лица на км2.Shirakawa village official statistics Вкупната површина на селото е 356.55 км2.
Географија Ширакава е планинско село сместено во далечната северна префектура Гифу, која се граничи со префектурите Ишикава и Тојама на планините Рјохаку. Планината Хакусан е највисоката кота од 2,172 м. Површината на селото е 95,7% планински шуми, а неговите стрмни места се карактеристични. Меѓу планините тече реката Шо, која продолжува на север во Нанто, Тојама. Повеќето од населението се наоѓа во нејзината речна долина. Од отворањето на тунелот Хида, до Ширакава може да се стигне во рок од 50 минути од Такајама, Гифу во споредба со претходното тричасовно возење и само еден час до Нанто во Тојама.
Соседни општини
Префектура Гифу Такајама Хида Префектура Тојама Нанто Префектура Ишикава Хакусан
Демографија Според податоците за пописот во Јапонија,Shirakawa population statistics населението во Ширакава се намалило во текот на изминатите 40 години. Година на попис Население 1970 2.525 1980 2.132 1990 1.892 2000 2.151 2010 1.733 2020 1.630
Историја Околината околу Ширакава била дел од традиционалната провинција Хида. За време на катастарските реформи по реставрацијата по Меиџи, околината била организирана во Округот Оно, Гифу. Селото Ширакава било создадено на 1 јули 1897 година со воспоставување на современиот систем на општини.
Економија Месната економија е преовладувана силно од сезонскиот туризам. Поради приходите од туристите кои дошле да ги видат селата во гасшо-зукури стилот, финансиската состојба на селото е значително подобрена, а туристичкиот сообраќај се зголемил уште повеќе откако селото станало место на УНЕСКО. Сепак, зголемениот број посетители резултирло со оштетување на околината од загадувањето и од страна на месните жители, претворајќи ги своите домови во хостели, продавници за подароци и паркиралишта, што пак го загрозил статусот на светското наследство. Исто така, расте стравот дека промената во угостителството на туристите ќе му наштети на шармот на едноставноста на оваа околина и основната јапонска сценографија.
Образование Ширакава има едно комбинирано државно основно/средно училиште (прва и втора година) управувано од селската власт. Селото нема четиригодишно средно училиште.
Превоз
Железници
Селото Ширакава нема никаква железничка патничка услуга.
Автопати
Експресен пат Токај-Хокурику Expressway Национален пат 156 Национален пат 360
Сестрински градови
- Албербело, Апулија, Италија, од 3 март 2005 година.
Месни знаменитости
Историските села Ширакава-го и Гокајама кои се назначени за светско наследство на УНЕСКО Домот Вадаке - најголемата куќа гасшо-зукури во околината Ширакава-го Хирасе Онсен (назначен како „национални лековити топли извори (онсен)) Браната Миборо, Езеро Миборо Тунелот Хида Хакушан Ринда (пешачка патека) Премин Амау (天生峠, Амау Тоге), познат по своите есенски бои; На 30 минути пеш се наоѓаат мочуриштата Косо, исто така познати Светилиштето Ширакава Хачиман, каде што на секои 14-15 октомври се одржува фестивалот Добуруку, познат по својот Нигоризаке.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Службена мрежна страница на Ширакава (одредена содржина на англиски) Место во УНЕСКО на Ширакава-го и Гокајама Информации поврзани со Ширакава-го на службената мрежна страница за туризам на Гифу shirakawa-go.gr Категорија:Светско наследство во Јапонија Категорија:Статии со текст на јапонски Категорија:Матични мрежни места што не е исти на Википодатоците и на Википедија Категорија:Координати на Википодатоците