Тенискиот турнир во машка поединечна конкуренција на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг се одржал од 10 до 17 август во Зелениот олимписки тениски центар. Системот на натпреварување бил таков што до финалето се играло на два добиена сета, а во финалето на три. Тај-брејк не се играл само во последниот решавачки сет. Учествувале 64 натпреварувачи од 33 земји.

Николас Масу бил бранител на златниот медал, откако победил на Олимписките игри во 2004 година во Атина, но бил поразен од Давид Налбандијан во вториот круг. Рафаел Надал од Шпанија го освоил златниот медал победувајќи го Фернандо Гонсалес од Чиле во финалето со 6–3, 7–6(7–2), 6–3. Со овој резултат, Гонсалес станал првиот тенисер во машка конкуренција кој освоил медал на две последователни Олимпијади од повторното воведување на спортот во 1988. Последниот олимпиец што го постигнал овој подвиг бил Чарлс Винслоу, иако неговите медали биле одвоени осум години, поради откажувањето на Летните олимписки игри 1916.

По овој настан, Надал за првпат во својата кариера станал светски број 1 на АТП листата, завршувајќи го рекордниот низ на Роџер Федерер од 237 последователни недели на првото место.

Распоред Август1011121314151617Наутро10.3010.3010.30Попладне17.0017.0017.0016.0016.0016.0016.0016.001. коло2. коло3. колоОсминафиналеЧетвртфиналеПолуфиналеБронзаФинале

Носители

Жреб

Завршница на турнирот

Горна половина на ждребот Сектор 1

Сектор 2

Долна половина на ждребот Сектор 3

Сектор 4

Наводи

Надворешни врски Тенис на Летните олимписки игри 2012 - мажи поединечно Ждреб на мрежното место на АТП Тенис на Летните олимписки игри 2012 - мажи поединечно Ждреб на мрежното место на ИТФ

Мажи поединечно 2008 Категорија:АТП сезона 2008