Кинеските татари (поедноставен кинески: 塔塔尔族; - Китај татарлари) ― една од 56-те народносни групи службено признати од НР Кина.

Нивните предци се волшкотатарските трговци кои престојувале претежно во Синѓанг и Кримските Татари кои страдале од протерувањето на Јосеп Сталин во 40-тите години на 20 век.

Бројот на кинески Татари изнесувал 3.556 заклучно со 2010 година и тие живеат главно во градовите Јининг, Таченг и Урумќи во Синѓанг. Нивна титуларна татковина е селото Дакуан Татар во округот Китај во автономната префектура Чанѓи Хуј, Синѓанг.

Кинеските Татари зборуваат архаична варијанта на татарскиот јазик, незафатена од позајмици во 20 век и ја користат арапската варијанта на татарската азбука, која опаднала во СССР во 30-тите години на минатиот век. Бидејќи е опкружен со говорители на други турски јазици, кинескиот татарски делумно ја менува татарската висока самогласна инверзија. Тие немаат систем за пишување.

Кинеските Татари се сунитски муслимани.

Џадидски училиштата биле основани во Синѓјанг за кинеските Татари на почетокот на 20 век.

Поврзано

Татари Волшки Татари Бурхан Шахиди Xабиб Јунич Сибирски Бухарци Сибирски Татари Кримски Татари

Наводи

Цитати

Извори Paul and Bernice Noll's Window on the World - List of ethnic groups in China and their population sizes

Категорија:Синѓанг Категорија:Татари Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Статии со текст на упростен кинески Категорија:Народи во Кина