Слободан Трајковски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Потекнувал од сиромашно градско семејство. Завршил основно училиште, а подоцна работел како кондураџија. Во составот на XV македонски корпус заминал за Срем, каде завршил воена обука. Бил распореден во Артилериската бригада, во која се оформил како одличен артилерец. Со Бригадата ја доживел и најголемата победа на македонските дивизии при заземањето на Славонска Пожега. Во таа славна борба, храбро загинал во април 1945 година.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ