Танаско Перо Чековиќ ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, а подоцна се занимавал со обработување на земјата и чување добиток. Во септември 1944 година во Кучевиште била формирана Шеснаесеттата македонска ударна бригада. На денот на формирањето и тој стапил во Бригадата. Со неа учествувал во многубројните борби против балистите и германските моторизирани колони во Качаничката Клисура, како и во ослободувањето на Скопје. Потоа со Бригадата заминал на Косово и учествувал во акциите за ликвидирање на одметнатите балистички банди. По извршувањето на оваа задача заминал на Срем. На 12 април 1945 година во пробивот на фронтот, храбро загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.
Поврзано
Блажо Чековиќ
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ