СУГС „Кочо Рацин“ (целосно име: Средно училиште на Град Скопје „Кочо Рацин“) — средно училиште во Скопје, Општина Ѓорче Петров.
Историја
Гимназија со паралелки на економско училиште „Кочо Рацин“ било основано во 1964 година, во монтажна барака од англиски вид, која е изградена како временска градба со помош на странските земји кои помогнале на изградбата на Скопје по катастрофалниот земјотрес. Со остварување на мрежата за насочено образование во 1982/83 година, паралелките биле од текстилна и кожарска струка. Во 1994/95 година, повторно биле воведени гимназиски паралелки, па до денес бројат 19 гимназиски и 12 од текстилна струка. Поранешното име на установата била Државно средно училиште (ДСУ) „Кочо Рацин“.
Учество на натпревари Освоени награди Познати личности кои учеле во ова училиште Сокол Митровски - поранешен градоначалник на Општина Ѓорче Петров Димитар Атанасовски - познат ТВ водител, медиумска и радио личност. Петар Гошев - поранешен Гувернер на НБРМ Трајко Славевски - поранешен претседател на Собранието на Македонија. Александар Блажевски - познат ТВ водител. Нора Шакири - позната медиумска и ТВ личност.
Познати личности кои предавале во ова училиште Наводи
Надворешни врски Мрежно место на училиштето Портал за основните и средните училишта во Македонија Службено мрежно место на Министерството за образование и наука
Скопје Категорија:Средни училишта во Скопје Категорија:Средни училишта во Општина Ѓорче Петров СУГС „Кочо Рацин“