Занде () — општина во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа близу Јадскиот Залив, околу 7 километри западно од Вилхелмсхафен и 12 километри југоисточно од Јефер.

Географија Местоположба

Логото на Занде е „во средина на Фризија - живот помеѓу гест и море“. Занде се наоѓа на работ од Јеферланд и 7 километри западно од градот Вилхелмсхафен.

Соседни општини

Општината Занде се граничи на север со градот Шортенс, на североисток со слободниот град Вилхелмсхафен, на југ со општината Цетел и на запад со општината Фридебург.

Општински единици

Општината Занде се состои од пет места: Занде, Нојштатгеденс, Сесилиенгроден, Мариензил и Дикхаузен.Bürger-Informationsbroschüre der Gemeinde Sande, Seite 7 (PDF; 9,7 MB)

Областа на поранешната општина Геденс - Алтгеденс, Дикхаузен, Геденс и Нојштатгеденс - пред општинската реформа во 1972 година припаѓала на округот Витмунд и со тоа на Источна Фризија.

Сообраќај

Низ Занде поминува железничката линија, која ги поврзува Олденбург и Вилхелмсхафен и Езенс. Се планира заобиколница со цел планираниот железнички сообраќај од и до пристаништето ЈадеВезерПорт да не поминува низ средиштето на Занде.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фризија (округ) Категорија:Општини во Долна Саксонија