Димитар Стојменовски (роден на 12 јули 1995 година во Неготино) - македонски пејач кој заедно со неговата братучетка Росица Кулакова ја претставувале Македонија на Јуниорскиот избор за песна на Евровизија 2007 со песната „Динг Динг Донг“. Ја започнал својата музичка кариера кога имал девет години. Тој започнал музички да се образова во Основното музичко училиште „Владимир Арсовски“ во неговиот роден град, каде што изучувал да пее опера.
Дискографија
Синглови
"Динг Динг Донг" со Росица Кулакова (2007– учествуваше на Јуниорска Евровизија 2007 со неа) "Земјата Плаче" со Росица Кулакова (2008) „Малечка“ (2008) „На небо светат звезди“ (2009– Посветана кон неговиот идол Тоше Проески) „Божик За Секој Од Нас“ (2010) "Не можеш Сама Ти" - од Panthefore со Димитар Стојменовски (2010) "Би Сторил Се" - од Panthefore со Димитар Стојменовски (2012) „Од Мене Бегаш“ (2013)
Извори
Надворешни врски
Категорија:Луѓе од Неготино Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Учесници на Детскиот избор за песна на Евровизија Категорија:Македонски пејачи