Трајан Костадинов Арсовски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.

Животопис Одраснал во средно имотно земјоделско семејство. По завршувањето на основното четиригодишно училиште во своето село, во немање услови да го продолжи образованието се занимавал со земјоделие и сточарство. Како младинец, со група другари од своето село, се приклучил во редовите на НОВ, во Треттата македонска ударна бригада, бил учесник во сите борби за целосното ослободување на Македонија. Во составот на Треттатa македонска ударна бригада, тој учествувал и во борбите на Сремскиот фронт, кај Шид, Винковци, Врпоље и Банова Japyгa. На 21 јуни 1945 година, крај селото Гања Липа, тој бил во првите редови со својата единица. Борејќи се со натчовечки напори, против германските и усташките единици, некаде исчезнал. Претпоставувано е дека бил тешко ранет или заробен од непријателот и стрелан некаде во непосредната близина.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ