Димитар Киров Наковски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Одраснал во сиромашно семејство. Татко му бил ѕидарски работник, кој за да го прехрани своето семејство одел на работа ѕидајќи во градот Кратово и блиските и подалечни села, но не секогаш наоѓал работа. Димитар по завршувањето на основното четиригодишно училиште во родното место, немајќи средства за натамошно школување, татко му, го дал на изучување шивачки занает. Кога поодраснал работел како калфа кај приватни мајстори за минимална дневница. За време на окупацијата, окупаторските власти го мобилизирале да служи во бугарската војска. Со ослободувањето на Кратово и околината, тој пристапил во Месната команда во Кратово, а подоцна во редовите на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Земал учество во борбите до конечното ослободување на Македонија. Загинал во борбите против остатоците од балистичките банди, на 30 декември 1944 година, во околината на Гнилане.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ