„Уште една тура“ (дански: Druk) — данско-шведски филм од 2020 година, во режија на Томас Винтерберг. Главните улоги ги играат: Мадс Микелсен, Томас Бо Ларсен и Магнус Миланг. Филмот е добитник на наградата на БАФТА, како и на „Оскар“ за најдобар странски филм (покрај тоа, бил номиниран и во категоријата „најдобра режија“). Микелсен, пак, ја освоил Европската филмска награда за најдобар глумец.РТС, Још једна тура (пристапено на 15.6.2021)
Синопсис Филмот е необична приказна за група професори зафатени од кризата на средните години, кои ја испитуваат теоријата дека животот може да се унапреди со постојано одржување на нивото на алкохол во крвта. Нивното постојнао опивање ги доведува во различни ситуации, од забавни и смешни, до опасни. Притоа, секој од нив на свој начин се носи со годините, проблемите на работното место и во семејството, но најпосле, секој од нив мора да сфати дали алкохолот е помош или само уште еден од проблемите.РТС, Још једна тура (пристапено на 15.6.2021)
Наводи
Категорија:Дански филмови Категорија:Шведски филмови Категорија:Филмови од 2020 година Категорија:Филмови на Томас Винтерберг Категорија:Филмови со Мадс Микелсен Категорија:Филмови со Томас Бо Ларсен Категорија:Филмови со Магнус Миланг Категорија:Филмови за алкохоличари