СЕТУ „Михајло Пупин“ (целосно име: Средно електротехничко училиште „Михајло Пупин“) — средно училиште во Скопје, Општина Гази Баба.

Основање и развој Во 1954/1955 година за потребите на стопанството за квалификувани работници од металска струка, во индустрискиот дел на Скопје, било формирано стручното металско училиште за ученици во стопанство „Коце Металец“. Непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во учебната 1963/1964 година, училиштето е проширено со паралелки од електро и автосообраќајната струка.

Во 1970 година изградена е новата училишна зграда во која денес се изведува воспитно-образовниот процес, со што се создадени поповолни услови за теоретска и практична настава.

Со новата мрежа на средно насочено образование во 1984 година, училиштето се трансформира во Електротехнички училиштен центар, а во мај 1993 година доби свој нов патрон „Михајло Пупин“..

Во наредниот период директори биле:

Бејто Реџапиќ (1954 - 1955) Кирил Божин Кочов (1955 - 1956) Нада Миниковска (1956 - 1961) Петар Урумов (1961 - 1971) Спасе Христовски (1971 - 1972) Диме Јованов (1972 - 1976) Димитар Цветковски (1976 - 1989) Васе Попоски (1989 - 1999) Вера Андоновска (1999 - 2003) Ефтим Пејовски (2003 -2018 ) Димитар Ѓорѓиев (2018- )

Образовни профили Во училиштето се изучуваат следните профили:www.skopje.gov.mk , Основни податоци за средното училиште на Град Скопје „Михајло Пупин”

Образование со тригодишно траење: Електроинсталатер и монтер Електромеханичар Образование со четригодишно траење: Електротехничар за компјутерска техника и автоматика Електротехничар за електроника и телекомуникации Електротехничар - Енергетичар СЕТУ на Град Скопје „Михајло Пупин“ – Скопје нуди повеќе видови на специјализации:

Постсредно образование (5 – степен) Специјализација за електрични мрежи Телекомуникациска специјализација Специјализација на аудио и видеотехника Специјализација на медицински и електронски апарати

Училиштето нуди и други дополнителни високопрофесионални дејности: Стручна оспособеност по барање и за потребите на стопанските субјекти

Во училиштето активно работат следниве организации: Младинската организација МЕТА која е организатор и учесник во низа школски и воннаставни активности. Центарот за кариера во училиштето функционира веќе 4 години. Реалната училишна компанија формирана и опремена од УСАИД-СЕА-проект нуди услуги од електротехничката струка.

Наводи

Надворешни врски

www.mihajlopupin.edu.mk Мрежно место на училиштето www.schools.edu.mk Портал за основните и средните училишта во Македонија www.mon.gov.mk Министерството за образование и наука macedonia.usaid.gov USAID Македонија

Категорија:Средни училишта во Општина Гази Баба Категорија:Појавено во 1954 година во Македонија