Витмунд () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град.
Округот се наоѓа во Источна Фризија, на брегот на Северното Море. Се граничи со (од исток надесно) окрузите Фризија, Лер и Аурих.
Географија
Округот содржи дел од Ваденското Море, кое е дел од националниот парк Долносаксонско Ваденско Море. Крајбрежјето на копното е познато како Харлингер Ланд. Островите Лангеог и Шпикерог, обата припаѓаат на Источнофризиските Острови, се дел од овој округ.
Историја
Округот бил создаден од Кралството Прусија во 1885 година од Амт Витмунд, Амт Езенс и градот Езенс. Сите претходно биле дел од округот Аурих. Во 1977 година, округот бил споен со округот Фризија; меѓутоа, спојувањето било прогласено за неуставно во 1979 година поради нарушување на правата на поранешната Држава Олденбург на која Фризија припаѓал и поради тоа двата округа биле повторно основани во старите граници.
Грб
Бродот на грбот го претставува крајбрежјето на округот. Трите едра ги покажуваат хералдичките симболи за округот - предниот ја покажува мечката како симбол на семејството Атена од Езенс, кои владееле во и век. Главното едро покжува две копја за турнири како симбол на херојот Омкен, преземени од грбот на градот Витмунд. Орелот на задното едро е за замокот и Амт Фридебург.
Градови и општини
мини|300п|десно|Градовите и општините во округот Витмунд
ГрадовиСлободни општиниОпштински заедници Витмунд Фридебург Лангеог Шпикерог 1. Езенс Дунум Езенс1, 2 Холтгаст Морвег Нојхарлингерзил Штедесдорф Вердум2. Холтрим Бломберг Еверсмер Нендорф Нојшо Охтерзум Швајндорф Утарп Вестерхолт11седиште на општинската заедница; 2град
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Окрузи во Долна Саксонија