Зелен хуман град (ЗХГ) — здружена иницијатива на 20 организации и активистички групи од Скопје. На локалните избори во 2021 година, тие настапиле со независна советничка листа за Советот на Град Скопје и освоиле две советнички места, а настапиле и со кандидат за градоначалник на Скопје кој не успеал да влезе во вториот круг.
Историја Најголемиот дел од предисторијата на ЗХГ е локалниот граѓански активизам преку десетици организации кои низ годините се залагале за промени во локалните и национални политики опфаќајќи сфери како социјална правда, заштита на животната средина, заштита на животните и урбана подвижност. Движењето во форма на иницијатива се јавува по граѓански буџетен форум „Моја заедница, моја визија“ кога до скопското градско собрание се поднесени 27 предлози.
Локални избори 2021 На 14 јули движењето најавило дека ќе настапи на локалните избори во Град Скопје со своја независна советничка листа предводена од Драгана Велковска и Горјан Јовановски. Во подоцнежниот период преку платформата МојКандидат биле избрани и останатите поединци кои станале дел од конечната листа.
На 17 август ЗХГ го почнале процесот за собирање на потребите потписи за кандидирање на независна советничка листа. Истиот ден движењето ја претставило Ана Петровска како нивен кандидат за градоначалник на Скопје.
Поврзано Независни за Карпош Зелените од Гази Баба Шанса за Центар Подобро за Тетово Поинаку (Битола)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Активизам Категорија:Еколози Категорија:Независни советнички листи