Бањска Река — река во Србија, десна притока на реката Топлица, во која се влева во близина на Куршумлија. Извира под крајните југоисточни гранки на Копаоник. Долга е 22 км, со сливно подрачје од 155 км². Просечниот проток на устието е 0,7 m³/s.

Долината на Бањска Река е претежно клисуреста, а сливот е добро пошумен. Низ таа котлина води патот Куршумлија - Куршумлиска Бања - превој Преполац - Подуево - Приштина.

Литература

Категорија:Реки во Србија