Аритон Михајлов Стојановски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.

Животопис Уште како дете се занимавал со земјоделие, сточарство, а често како наемен работник работел и вон неговото родно место. За време на окупацијата, тој бил симпатизер на НОВ и на револуцијата, каде го гледал спасот од сиромаштијата. На 6 септември 1944 година, се приклучил во редовите на Месната команда во Кратово, а подоцна во Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Важел за храбар, дисциплиниран и самоиницијативен борец ѝ како таков бил забележан од претпоставените и подоцна именуван за командир на вод. Со својот вод особено се истакнал во бopбитe крај селата: Варовиште, Дренак, Поилишта и други, каде покажал особена храброст. По конечното ослободување на Македонија, заедно со Седмунаесеттатa македонска ударна бригада учествувал во чистење на остатоците од балистичките банди. Најтешки борби против балистите биле водени крај Прешево и Гнилане. Во близината на Гнилане, бил тешко ранет и во бессознание бил пренесен во болницата во Ниш, но пред да му биде укажана лекарска помош, тој подлегнал на раните и починал на 30 декември 1944 година.

Поврзано

Ѓорѓи Стојановски

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ