Витмунд () — град и административно седиште на округот Витмунд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот е најголем град по површина во Источна Фризија, додека по население се наоѓа зад Емден, Аурих, Лер и Норден, на петтото место. Подрачјето на градот е слабо населен.

Историски, голем дел од градското подрачје припаѓал на областа Харлингерланд, која во 1600 година станала дел од Грофовијата Источна Фризија. Од 1885 година, Витмунд е седиште на истоимениот округ.

Географија Местоположба

мини|300п|лево|Реката Харле во Витмунд

Витмунд се наоѓа помеѓу Аурих и Јефер во североисточниот дел на Источна Фризија. Од градското јадро до брегот има околу 15 километри. Со своите 210,13 квадратни километри, градот се вбројува меѓу десетте најголеми градови во Долна Саксонија, а во Германија се наоѓа на 82. место. Со припојувањето на повеќе околни места со административната реформа во 1972 година, Витмунд е најголем град во Источна Фризија по површина. Со своите околу 20.000 жители, Витмунд е слабо населен.

Од пристанишното место Харлезил сообраќа ферибот кон источнофризискиот остров Вангероге. Витмунд се наоѓа на реката Харле, која извира и се влива во градското подрачје.

Соседни општини

На северозапад, Витмунд се граничи со општините Дунум, Штедесдорф, Вердум и Нојхарлингерзил (сите во општинската заедница Езенс во округот Витмунд), на североисток се граничи со општината Вангерланд, а на исток со градот Јефер (обете во округот Фризија), на југ со општината Фридебург (округ Витмунд), а на запад со градот Аурих (округ Аурих).

Градски единици

Окружниот град Витмунд е поделен на следниве 14 градски единици:wittmund.de: Übersicht der Ortsvorsteher , eingesehen am 28. Dezember 2012.

Ардорф Азел Бердум Блерзум Бурхафе Бутфорде Каролинензил Егелинген Фуникс Хофел Лерхафе Утел Вилен Витмунд (градското јадро)

Покрај овие места има голем број на други имоти и помали места, кои припаѓаат на овие градски единици.

Клима

Витмунд има клима под директно влијание на Северното Море. Климата малку се разликува во градското подрачје како се оддалечува од брегот.Eberhard Rack: Kleine Landeskunde Ostfriesland, Isensee Verlag, Oldenburg 1998, S. 30. Летно време дневните температури се пониски, додека зимно време главно се повисоко отколку во континенталниот дел.

Заштитени подрачја

Брегот се наоѓа под островите Шпикерог и Вангероге, а помеѓу нив се наоѓа Ваденското Море, кое влегува во рамки на националниот парк Долносаксонско Ваденско Море, кој заедно со другите делови на Ваденското Море станале светско природно наследство на УНЕСКО во јуни 2009 година.Nationalpark Nds. Wattenmeer auf nationalpark-wattenmeer.de.

Заштитеното подрачје Хоехан се наоѓа во Витмундската шума непосредно северно на патот Б210 и зафаќа 8,5 хектари. Хоехан е под заштита од 1978 година.Naturschutzgebiet Hohehahn, abgerufen am 31. Juli 2011.

Историја

мини|300п|десно|Витмунд на картата во 1600 година

Градот Витмунд со својата околина бил населен уште во древни времиња. Бил поврзан со копнените источнофризиски патишта и трговски бил насочен кон соседниот брег. Околу 1200 година, Витмунд бил седиште на руралната парохија (Landgemeinde) Вангерланд, кога бил наречен Видемунд или Видемундхајм (Wiedemund или Wiedemundheim). Територијалните единици на руралните парохии биле одредени врз основа на старите фризиски острови. Езенс бил административно средиште на Харлингерланд.

Семејството Канкена живеела во замок во градот кон крајот на век. Околу 1400 година, силите на Хамбург го окупирале замокот како последица на наводите дека Канкена ги поддржувале пиратите против нив. Подоцна, семејството си го вратило замокот.

Подоцнежниот владетел на Брокмерланд, Фоко Укена, ја искористил слабоста на Канкена ги вклучил во воените операции. Во 1454 година, замокот припаднал на владетелот на Харлингерланд, Зибет Атена. Истата година, Зибет Атена ги обединил владетелите на Езенс, Штедесдорф и Витмунд со цел да ја обезбеди независноста на Харлингерланд против источнофризиските грофови. До 1600 година Харлингерланд, заедно со Витмунд, на крај се приклучиле во Источна Фризија преку политички и семејни спојувања.

Во 1584 година, местото било забележано на карта како Витмонт (Witmondt). Подоцна, градот станал округ (Amt). Во 1730 година, градот бил забележан како Витмунт (Witmundt) на друга карта. Во 1744 година, Источна Фризија била припоена кон Прусија, а потоа на краток период под холандско-француска власт. Во 1815 година станал дел од Кралството Хановер.

Под хановерска власт, во градот бил присутен ланддрост како највисок државен претставник во покраината. Во 1866 година, Источна Фризија повторно станала дел од Прусија. Државата Прусија првично ја презела структурата на постоечките амтови Аурих, Берум, Емден, Езенс, Лер, Штикхаузен, Венер и Витмунд. Од 1884 година, биле пренесени во нова структура на окрузи. Во Источна Фризија биле создадени новите окрузи Аурих, Емден (независен), Лер, Норден, Венер и Витмунд (1885). Поранешните хановерски ланддростови биле претворени во административни окрузи (Regierungsbezirke). Окружната куќа во Витмунд била изградена во 1903 година.

Витмунд добил градски права во 1567 година од страна на Агнес, грофица на Ритберг. Во век, овие права биле повлечени и биле доделени повторно до 1929 година.

Политика Градски совет

мини|300п|десно|Градското собрание на Витмунд

Градскиот совет се состои од 34 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 9. Dezember 2011. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:Stadt Wittmund – Gesamtergebnis Stadtratswahl 2016, abgerufen am 28. Dezember 2016.

Партија Удел Број на места Промена на гласови Промена на места CDU 43,60 % 15 − 8,45 % − 3 SPD 38,61 % 13 + 3,96 % + 1 BFB 8,20 % 3 + 4,12 % + 2 Grüne 6,16 % 2 + 0,37 % ± 0 FDP 3,40 % 1 + 1,64 % ± 0

Градоначалник

Од 1 ноември 2006 година, градоначалничка на Витмунд е Ролф Клаусен.Stadt Wittmund: Bürgermeister , abgerufen am 31. Juli 2011.

Збратимени градови

Витмунд е збратимен со следниве градови:

Барлебен, Германија (од 1997 г.)

Познати луѓе

Ханс-Вилхелм Милер-Волфарт (р. 1942) — спортски лекар Тимо Шулц (р. 1977) — фудбалер Кристијан Алдер (р. 1978) — фудбалер

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Витмунд (округ) Категорија:Населени места во Источна Фризија