__NOTOC__ Гожувски Округ () — округ во Лубушкото Војводство, западна Полска. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Седиште е градот Гожув Вјелкополски, иако не е дел од самиот округ (туку сопствен градски округ). Единствените градови во округот се Костшин на Одра сместен на 43 км западно од Гожув Вјелкополски и Витњица, која е на 25 км западно од него.

Округот зафаќа површина од и во 2019 г. броел 71.669 жители, од кои во Костшин на Одра живееле 17.778, во Витница имало 6.747, а останатите 47.144 жители биле по селата. Уделот на градско население изнесува 37,85 %.

Соседни места Освен градот Гожув Вјелкополски, Гожувскиот Округ се граничи со Стшелечко-дрезденечкиот Округ на североисток, Мјенѕижечкиот на југоисток, Суленќинскиот на југ, Слубичкиот на југозапад и Мишлибушкиот на северозапад. Во мал дел на запад се граничи со Германија (округот Меркиш-Одерланд).

Административна поделба Округот се дели на седум општини од кои една е градска, една е градско-селска и пет се селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2019 г.

ОпштинаВидПовршина(км2)Население(2019)СедиштеКостишин на Одраградска46,217.778—Витњицаградско-селска278,312.864ВитњицаДешчноселска168,49.865ДешчноКлодаваселска234,88.635КлодаваСантокселска168,38.580СантокБогдањецселска112,17.117БогдањецЛубишинселска205,36.830Лубишин

Наводи

Надворешни врски

Портал на Гожувскиот Округ

Категорија:Окрузи во Лубушкото Војводство Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година