Кицо Ристов Аврамоски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Работел како работник на повеќе места. Бидејќи неговото село било под окупација на Царство Бугарија, бил мобилизиран во бугарската војска во текот на 1943 година. При едно негово отсуство, тој повеќе не се вратил во окупаторската војска, туку заминал во партизани во Крушевскиот партизански одред, а потоа бил во Петтата македонска народноослободителна бригада. Во борбата кај селото Мажучиште - Прилепско бил тешко ранет и од добиените рани умрел во октомври 1944 година.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ
Наводи
Категорија:Луѓе од Цер (село) Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ