мини|Поглед кон Хоф, административен центар на округот Хоф () — округ во сојузната покраина Баварија, Германија. Се граничи со окрузите Вунзидел, Бајројт, Кулмбах и Кронах, покраината Тирингија (округот Зале-Орла), покраината Саксонија (district of Фогтланд) и со Чешка (округот Хеб). Седиште на округот е градот Хоф кој е есклава и не припаѓа на него (туку претставува безокружен град).

Историја По краток период намесна власт на Кралството Прусија (1791 – 1810), во 1810 г. подрачјето влегло во Баарија. Округот е основан во 1852 г. Со реформите од 1972 г. се соединил со делови од укинатите окрузи Најла, Минхберг, Кронах и Рехау.

Географија Реката Зале извира во јужниот дел на округот, на падините на Фихтелските Планини. Оттаму тече на север, при што нејзината долина ги дели Фихтелските Планини на исток од пониското средногорје Франконска Шума на запад.

Грб На окружниот грб се претставени два лава. Тие се преземени од грбовите на грофовиите Вајда и Нирнберг кои владееле со овој крај во средниот век.

Градови и општини

ГрадовиОпштиниЗелбиц Лихтенберг Минхберг Најла Рехау Хелмбрехтс Шауенштајн Шварценбах ам Валд Шварценбах на ЗалеБад Штебен Берг Вајсдорф Гатендорф Геролдсгрин Делау Исигау Кедиц Конрадсројт<li>Лојполдсгрин <li>Оберкоцау <li>Регницлозау <li>Тепен <li>Троген <li>Фајлич <li>Цел на Фихтелските Планини <li>Шпарнек <li>Штамбах

Наводи

Надворешни врски

Портал на округот Хоф

Категорија:Окрузи во Баварија