Мелништа — археолошко наоѓалиште во велешкото село Водоврати, Општина Градско. Претставува населба и некропола од доцноантичко време.
На 1,5 км југоисточно од селото, на десната страна од патот Градско-Водоврати, и на десниот брег на Водовратска Река, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, водоводни цевки - тубулуси, и градежен материјал. На северниот крај на локалитетот има видливи гробови со конструкција од камени плочи.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 64, ISBN 9789989101069 Поврзано Видин — населба од бронзеното и раноантичкото време; Водовратски Пат — некропола од преминот на бронзеното во железното време; Главје — населба од неолитското време; Мелништа — населба и некропола од доцноантичкото време; Црквиште — осамен наод римското време; Водоврати; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи
Категорија:Водоврати