Општина Пиран (, ) — општина во областа Приморска, југозападна Словенија. Седиште е крајбрежниот град Пиран. Во 2020 г. населението броело 17.676 жители.
Географија Општината се граничи со Хрватска на југ и општините Изола и Копер на исток. Преку Трстјанскиот Залив гледа во Италија. Земјиштето е прилично ниско, при што највисоката точка Баретовец при Падни е висока само 289 м.
Населени места Покрај општинското седиште Пиран, општината ги опфаќа и следните населени места:
Драгоња Луција Нова Вас над Драгоња Падна Парецаг Порторож Свети Петер Сеча Сечовље Струњан
Јазик мини|десно|Двојазичен знак на словенечки и италијански. Општината е двојазична, во која словенечкиот и италијанскиот се службени. Денес бројот на италијански говорници е мал, за разлика од почетокот на XX век. Според австрискиот попис од 1910 г. селата во подрачјето на денешната општина биле мешани; во едни (како Свети Петер и Падна) живееле речиси исклучиво Словенци, додека пак во други (Сечовље и Сеча) скоро сите говореле само италијански. Во целина, на тој попис 85,1 % од населението биле италијански говорници, а 15,2 % биле Словенци.
Наводи
Надворешни врски
Портал на Општина Пиран Општина Пиран на Геопедија
Пиран Пиран Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година