Отворено тениско првенство на Франција (), попознат како Ролан Гарос, е голем тениски турнир кој се одржува во текот на две недели меѓу средината на мај и почетокот на јуни во Париз, Франција, на стадионот Ролан Гарос. Тој е втор во низата на Гренд Слем турнирите во годишниот тениски календар и најважниот тениски турнир на земјена подлога во светот. Обично се смета и за втор најзначаен тениски турнир воопшто, веднаш зад неофицијалното светско тениско првенство - Вимблдон, иако во однос на посетеноста и телевизиските преноси е водечки. Поради бавната подлога и мечевите од пет сета во машка конкуренција, без тај-брејк во последниот сет, Ролан Гарос се смета за физички најисцрпувачкиот тениски турнир во светот .

Белешки

Надворешни врски Официјално мрежно место Ролан Гарос на France2 Ролан Гарос на ina.fr : повеќе од 600 часа со аудио/видео архива Сателитска слика на околината (Google Maps) Фотографии од Ролан Гарос

Категорија:Гренд Слеми Категорија:Тенис