Светскиот ден на поезијата се одбележува на 21 март и бил прогласен од УНЕСКО (Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации) во 1999 година, „со цел да се поддржи јазичната разновидност преку поетско изразување и да се зголеми можноста да се чујат загрозените јазици“. Негова цел е да го промовира читањето, пишувањето, објавувањето и предавањето поезија низ целиот свет и, како што се вели во оригиналната декларација на УНЕСКО, „да им даде свежо признание и поттик на националните, регионалните и меѓународните поетски движења“.

Вообичаено се славел во октомври, но во вториот дел на 20 век светската заедница го славела на 15-ти, роденденот на Виргилиј, римскиот епски поет и поет лауреат за време на Август. Традицијата денот на поезијата да се одржува во октомври за прославa на националниот или меѓународниот ден на поезијата сè уште се одржува во многу земји.41 countries observed World Poetry Day on 15 October 1951. Ref. cited: The International Who's Who in Poetry 1978-79. Ernest Kay, Ed. International Biographical Council, Cambridge, England. Обединетото Кралство генерално го користи првиот четврток во октомври,National Poetry Day, United Kingdom но на други места се слави на различен во октомври, па дури и понекогаш и во ноември.

Светскиот ден на поезијата за 2021 година во седиштето на УНЕСКО во Париз бил посветен на прославата на 100-годишнината од раѓањето на големиот македонски поет, писател, литературен преведувач и јазичен научник Блаже Конески. Во исто време било објавено дека британската поетеса Керол Ен Дафи е добитничка на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2021 година.

Наводи

Надворешни врски „Светски ден на поезијата, 21 март“ на un.org Меѓународен календар на почитување на ОН „Младите поети во Јајпур го одбележаа Светскиот ден на поезијата на 21 март 2017 година во O2 The Plant Cafe“

Категорија:УНЕСКО Категорија:Меѓународни денови на Обединетите нации Категорија:Поетски фестивали Категорија:Празници во март