Општина Канал на Соча () — општина во западна Словенија, во историскиот регион Приморска. Седиште на општината е паланката Канал на Соча (наречена и само Канал). Денес е дел од Горичкиот статистички регион. На запад и северозапад општината се граничи со Италија. Во 2020 г. населението броело 5.291 жител.
Населени места Покрај општинското седиште Канал на Соча, општината ги опфаќа и следните населени места:
Авче Ајба Анхово Бодреж Гољевица Горења Вас Горење Неково Горење Поље Дескле Доблар Долење Неково Загомила Загора Запоток Јесен Кал над Канал Камбрешко Каменца над Ложице Каналски Врх Крстеница Левпа Лиг Ложице Морско Мочила Паљево Плаве Прилесје кај Плаве Равна Робидни Брег Рочињ Сенишки Брег Укање Чолница
Наводи
Надворешни врски
Портал на Општина Канал на Соча Општина Канал на Соча на Геопедија
Канал на Соча Канал на Соча Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година