Општина Сежана () — општина во областа Приморска, југозападна Словенија, недалеку од границата со Италија. Во 2020 г. населението броело 13.702 жители. Седиште е градот Сежана. Основана е на 6 ноември 1994 г. кога дотогашната Општина Сежана е разделена не четири помали општини (Дивача, Хрпеље-Козина, Комен и Сежана).
Населени места Општината ги опфаќа следниве населени места:
Авбер Бого Брестовица кај Повир Брје кај Коприва Велики Дол Велико Поље Вогље Врабче Врховље Годње Горење кај Дивача Градишче кај Штјак Градње Грахово Брдо Гриже Дане кај Сежана Добравље Дол кај Вогље Долење Дутовље Жирје Јаковце Казље Коприва Косовеље Крајна Вас Креголишче Крепље Криж Кртиновица Липица Локев Мајцни Махничи Мерче Нова Вас Орлек Плешивица Плисковица Повир Подбреже Пољане кај Штјак Поникве Преложе кај Локев Пристава Равње Разгури Раша Сежана Села Село Сенадолице Скопо Стомаж Табор Томај Тубље кај Комен Утовље Филипчје Брдо Хриби Шепуље Шмарје кај Сежана Штјак Шторје
Историја
Словенските племиња се доселиле во овој крај кон крајот на VI век. Во средниот век со подрачјето владееле Војводството Фурланија и Патријаршиското Кнежевство Аквилеја (Фурланската патријаршија), сè до XIV век кога тука завладеале грофовите на Горица. Во 1500 г. потпаднала под Хабсбурговците, кои ја ставиле во состав на Покнежената Грофовија Горица и Градишка.
Знаменитости
Ергелето во ЛипицаLipica Stud Farm site од каде потекнува славната коњска раса липицанер Жив музеј на Крас Пештерата Виленица Ботаничка градина во Сежана Пепинова крашка градина во Дутовље Спомен-соба на поетот Сречко Косовел во Сежана и неговата стопанска куќа во Томај Воен музеј во Локев
Галерија
Познати личности мини|исправено|десно|160п|Сречко Косовел Примож Брезец (р. 1979) — кошаркар во НБА Август Чернигој (1898 - 1985) — сликар Данило Долчи (1924 - 1997) — италијански општествен деец Бранка Јурца (1914 - 1999) — писателка на книги за деца Тарас Кермаунер (1930 - 2008) — книжевен историчар и мислител Сречко Косовел (1904 - 1926) — истакнат модернистички поет Јосип Крижај (1911- 1948) — воен пилот Симон Кукец (1838 - 1910) — претприемач, основач на пивницата „Лашко“ Јосип Ости (1945 - 2021) — поет, есеист и преведувач Мајда Ширца (р. 1953) — новинарка и политичарка Цирил Злобец (1925 - 2018) — поет
Наводи
Надворешни врски
Портал на Општина Сежана Општина Сежана на Геопедија
Сежана Сежана Категорија:Држави и територии настанати во 1994 година