Врчвите — некропола–тумули од железното време. Се наоѓа на околу 5 километри источно од Берово, на десната страна од долината на Брегалница, на терен што се шири од двете страни на полскиот пат за Чучурските Колиби. Има 4 тумули, наредени во линија исток-запад, на растојание од 20 метри еден од друг. Тумулот I, што лежи на југоисточниот крај, е прилично добро зачуван и има пречник во основата од околу 16 метри и височина од 1,5 метри. Другите могили се доста оштетени од ерозија и од диво копање така што обликот и димензиите не можат точно да им се одредат.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бреза — населба од доцноантичкото време; Градиште — населба и некропола од доцноантичкото време; Долно Градиште-Јабланица — населба од римското време; Келаклевец — населба од доцноантичкото време; Ковачилница — утврдена населба од железното и доцноантичкото време и средниот век; Куќата — населба од римското време; Линако — населба од доцноантичкото време; Пашајлов Преслап — населба од доцноантичкото време; Попов Рид — градиште од доцноантичкото време; Свети Архангел Михаил — средновековни јами; Селца — населба од римското време; Шабанско Градиште — градиште од доцноантичкото време; и Широк Дол — могили од доцноантичкото време.

Наводи

Категорија:Берово