Карадере (, Елатија или Καρά Ντερέ, Кара Дере) — шумовито планинско подрачје во средишните и северните делови на Драмскиот (и делумно Кавалскиот) округ на Егејска Македонија кое се протега долж границата со Бугарија. Околу 90 % од пределот е прекриен со шуми, и тука се наоѓа истоименото село Карадере (Елатија) кое денес шумарски центар и туристичко место, а до 1920-тите било населено со Македонци муслимани пред да бидат протерани. Во околината исто така има многу напуштени села со иста судбина.
Селото е на 72 км од градот Драма. Шумата е во сопственост на Шумарската служба на Грција, а селото е управен и оперативен центар на шумското подрачје.Шумата Карадере (Елатија) — Туристички водич низ Драмско
Растителен и животински свет На карадере се наоѓа едиствената шума со смрча во Грција. Пределите се слични на оние во Средна и Северна Европа. Меѓу растителниот свет застапени се:
евла јасен бука бреза македонска ела кедар дрен бозел габер јавор даб топола шипка бел бор врба
На планината се застапени над 700 видови растенија. Многу од нив се ендемски за Балканот и ретки во Грција. Виреат најразновидни печурки, и од јадливите најзастапени се вргањот и јајчарката.
Меѓу животните се среќаваат кафеавата мечка, дивата свиња, еленот, срната, дивиот зајак, волкот, дивата мачка, гулабот гривнаш, орелот, јастребот и клукајдрвецот.
Поврзано Карадере (Драмско) Источна Македонија и Тракија
Наводи
Надворешни врски Шумата Карадере (Елатија)
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Драма (општина)