мини|Фотографија од Ирмелин Лилиус Рут Ирмелин Сандман Лилиус (родена на 14 јуни 1936 година) е финска писателка на шведски јазик.

Биографија Ирмелин Сандман е родена во Хелсинки. Нејзината прва книга, Песна за трол, била објавена во 1955 година. Има напишано сликовници и романи за деца, како и книги за возрасни и поезија, а работи и како преведувач и рецензент. Меѓу нејзините најпознати дела е големата хроника за фиктивниот град Тулавал на јужниот брег на Финска, која таа ја опишала во различни времиња и од гледна точка на различни луѓе, во повеќе од десетина книги. Таа, исто така, напишала неколку автобиографски дела (некои заедно со нејзината сестра Хеди), како и романи каде главниот лик се базира на нејзината ќерка.

Во 1957 година, се омажила за сликарот и вајар Карл-Густаф Лилиус. Во 2003 година, бил објавен првиот том од нејзината биографија за нејзиниот сопруг, со наслов Седум илјади години четвртиот и последен том бил објавен во 2017 година.

Нејзините книги се преведени на 16 јазици. Меѓу книжевните награди што ги добила се шведските награди Плакета Нилс Холгерсон (во 1972 година) и наградата Астрид Линдгерн (во 1976 година), и финската награда Топелиусприсет(во 1980 година).

Лилиус исто така била на листата на почести на ИББУ за 1974 година и 2002 година.

Наводи

Надворешни врски Sandman Lilius, Irmelin, 1936, at Library of Congress Authorities, with 21 catalogue records

Категорија:Фински писатели Категорија:Родени во 1936 година