Валамара (; ) — планина во Горичката и Елбасанската област, југоисточна Албанија. Дел е од поголема низа планини кои се протегаат од север-североисток кон југ-југозапад, помеѓу долините на Шкумба на север и Девол на југ. Оваа планина е меѓу планините со најголема топографска истакнатост во Европа.

Највисоките делови изобилуваат со остатоци од глацијација во минатото, кога циковидните езера и вдлабнатини биле покриени со ледници. Денес на Валамара има барем осум леднички езера. Од источниот крај извираат неколку реки, меѓу кои е Шкумба, трета по должина во земјата. Западниот и јужниот раб се одводнуваат од Девол, кој издлабил стрмна клисура меѓу планините.

Главниот срт е доста сиромашен со дрва, додека пак пониските делови се шумовити, и тука живее кафеавата мечка. Ледничките езера се во јужниот дел.

Најблиски населени места Лење Поградец Острелица Долно Грабово Горно Грабово Бица

Поважни врвови Валамара (Maja e Valamarës, 2.373 м) Топчест Камен (Maja e Gurit të Topit, 2.120 м) Лењска Планина (Mali i Lenies, 2.012 м)

Поврзано Планини во Албанија

Наводи

Надворешни врски

Валамара на Peakbagger

Категорија:Планини во Албанија Категорија:Горица (област) Категорија:Елбасан (област)