Цветко Ташков Јаковлески ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и припадник на НОВ.
Животопис Роден е во сиромашно семејство кое се занимавало со земјоделство и сточарство. Како младинец се приклучил во воспитните групи во селото, а во ослободителната војска на Македонија, тој стапил во летото 1943 година, во редовите на Кичевско - мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе дејствија. Во септември 1943 година, тој заминал на Буковиќ со младинската чета на Мирко Милески да ја брани слободната територија и загинал на 1 октомври 1943 година во борба против балистите и Германците.
Поврзано
Кичево и Кичевско во НОВ Мирко Милески
Наводи
Категорија:Починати во Буковиќ (планина) Категорија:Учесници во НОБ