мини|десно|250п|Тромеѓата недалеку од островот Голем Град во Преспанското Езеро — западниот крај на границата. Тука е границата Македонија-Грција-Албанија. мини|десно|Тромеѓникот на врвот Тумба на Беласица — источниот крај на Границата. Тука е границата Македонија-Грција-Бугарија. Македонско-грчка граница — државна граница помеѓу Македонија и Грција долга 262 км, која може да се претстави како граница помеѓу Вардарска и Егејска Македонија. Источниот крај од границата воедно се граничи со Пиринска Македонија, додека пак западниот и со Мала Преспа во Албанија — обете македонски подрачја.
Историја Денешната граница е утврдена со Букурешкиот договор од 1913 г. кога на Грција ѝ е доделена цела јужна (Егејска) Македонија, по што во следниот период стапило масовно етничко чистење и асимилација на македонското население, како и негово заменување со доведени Грци од Азија. Сепак, и денес голем дел од населението во многу подрачја останува македонско.
Претходната и вистинска македонско-грчка граница е исцртана со Цариградскиот договор од 1881 г. со кој отоманската држава му ги отстапила на Кралството Грција Тесалија и јужен Епир, а Македонија останала цела, во состав на Отоманското Царство.Цариградската конференција со вовед на англиски и полн текст на француски
Опис на границата Границата се протега во напореднички правец исток-запад и пресекува 5 гранични премини, 5 планини, 4 котлини, 2 езера и најголемата македонска река — Вардар. Од тромеѓниот врв Тумба, во напореднички правец границата минува по сртот на планината Беласица, од каде се спушта и ги сече Дојранско Езеро, автомобилскиот пат Стар Дојран-Кукуш и граничниот премин Дојран. Границата продолжува и ја пресекува Гевгелиско-валандовската Котлина, меѓународниот патен правец Е75 и реката Вардар, како и меѓународната железничка линија Гевгелија - Сехово (Идомени) - Солун, како и автомобилскиот граничен премин Богородица. Движејќи се кон запад границата се искачува на планината Кожуф и минува преку високите планински врвови Зелен Брег (2.171 м) и Дудица (2.132 м), а потоа се спушта на пониската планина Козјак, и од тука се искачува на планината Ниџе, која ја пресекува заедно со највискиот врв Кајмакчалан (2.520 м). Оваа граница ја пресекува и најголемата македонска котлина, Пелагонија, заедно со автомобилскиот пат Битола - Лерин и граничниот премин Меџитлија, како и железничката пруга, заедно со граничниот премин Кременица (кој е затворен). Од пелагониското рамниште границата се искачува на Баба Планина пресекувајќи ја заедно со врвот ’Ржана (2.334 м). Оттука границата повторно се спушта, но сега во Преспанската Котлина, односно го пресекува Преспанско Езеро во напореднички правец сè до тромеѓата помеѓу Македонија, Грција и Албанија.
Гранични премини Патни премини Македонски пунктОпштинаГрчки пунктОкругМакедонски патиштаГрчки патиштаСостојбаБогородицаГевгелијаМачуково(Евзони)Кукуш25x25п Автопат А1 25x25п Европски пат Е7525x25п Автопат А1 25x25п Државен пат ЕО1
25x25п Европски пат Е75отворенМеџитлијаБитолаНегочани(Ники)Лерин25x25п Автопат А3
25x25п Европски пат Е6525x25п Автопат А27 25x25п Државен пат ЕО3
25x25п Европски пат Е65отворенДојранДојранДојран(Дојрани)Кукуш40п Регионален пат Р110525x25п Државен пат ЕО65отворенМаркова Нога (Долно Дупени)РесенР’мби(Лемос)Лерин40п Регионален пат Р130825x25п Државен пат ЕО15во изградба
Железнички премини Македонски пунктОпштинаГрчки пунктОкругЛинијаПрва станица во МакедонијаПрва станица во ГрцијаСостојбаБогородицаГевгелијаМачуково(Евзони)Кукуш Скопје - СолунЖС „Гевгелија“ЖС „Сехово“ (Идомени)отворен
Поврзано Македонско-грчки односи Егејска Македонија
Наводи
Надворешни врски
Грција Македонија